Опаѓа бројот на заболени од ковид-19 во Европа, вели СЗО

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Европа бележи пад на бројот на болни и новозаразени со коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација за европскиот регион.

Здравствената агенција на Обединетите нации соопшти и дека податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести покажале дека во 18 земји од Европската унија се регистрирани 212 случаи на Омикрон, и тоа претежно благи и асимптоматски случаи.

Сепак, СЗО предупреди дека се верува оти Омикрон ќе продолжи да се шири, бидејќи пристигнуваат нови податоци за размерите на сојот.

Во претходните седум дена, бројот на нови случаи во Европа се намалил за два отсто (2,6 милиони случаи), додека за три отсто помалку пациенти починале во споредба со претходната недела (29.000 луѓе).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот