ОН: Пандемијата одведе 77 милиони луѓе во екстремна сиромаштија

Сиромаштија. / Фото: Архива на Слободен печат

Тешкиот економски удар кој пандемијата на коронавирусот го изврши врз светот минатата година доведе уште 77 милиони луѓе до екстремна сиромаштија и допринесе многу држави да неможат економски да се опорават, соопштија Обединетите нации.

Во извештајот на Светската организација се наведува дека богатите земји би можеле да им помогнат на најсиромашните да закрепнат, преку заеми со минимални каматни стапки.

Сепак, најсиромашните земји потрошија милијарди евра за сервисирање на долговите и се соочија со многу повисоки трошоци при задолжување, па затоа не можат да инвестираат во образованието, здравството, животната средина и намалувањето на нееднаквоста.

Според Обединетите нации, во 2019 година 812 милиони луѓе во светот живееле во екстремна сиромаштија, а до 2021 година поради пандемијата тој број се зголемил на 889 милиони.

Извештајот претставува финансиски план за постигнување на развојните цели на ОН до 2030 година, меѓу кои ставање крај на сиромаштијата, обезбедување квалитетно образование за сите млади луѓе и постигнување родова еднаквост.

Заменик-генералниот секретар на ОН, Амина Мохамед, изјави дека планот доаѓа во време на растечки еколошки и климатски кризи, долготрајна пандемија на коронавирусот и глобално влијание на војната во Украина.

Анализата на ОН покажува уште дека 1,7 милијарди луѓе се соочуваат со зголемени трошоци за храна, енергија и ѓубрива како резултат на војната во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот