ОН критикува владин извештај за расни нееднаквости во Британија

epa08747748 People walk in Piccadilly Circus in Central London, Britain, 15 October 2020. According to news reports, the UK government is set to impose further restrictions on London, as COVID-19 infections continue to rise. According to recent data from the Office for National Statistics (ONS), COVID-19 deaths in England have risen four fold over the last month. EPA-EFE/WILL OLIVER

Експертите за човекови права на Обединетите нации денеска го критикуваа извештајот за расните нееднаквости во Велика Британија, нарачан од тамошната влада, оценувајќи дека тоа е обид за „нормализирање на надмоќта на белите лица, и покрај доказите за институционален расизам”.

Во извештајот на британската Комисија за расни и етнички нееднаквости се вели дека Велика Британија може да послужи како „модел за други земји со мнозинство бело население”, што ги налути критичарите кои го окарактеризираа извештајот како „прикривање” на расни проблеми.

„Во 2021 година е зачудувачки да се прочита извештај за расна и етничка припадност што ги претвора расистичките стереотипи во факти и ги извртува податоците”, се вели во соопштението на група експерти на ООН.

Во извештајот на британската Влада се вели дека географијата, семејството и социо-економските фактори играат поголема улога во животните шанси отколку расата.

Експертите на ООН, сепак, велат дека извештајот користи познати аргументи само за да ја оправда расната хиерархија.

„Обидите за нормализирање на надмоќта на белите лица, и покрај значителното истражување и доказите за институционален расизам, се несреќно отфрлање на пропуштањето на можноста да се признаат злосторствата од минатото … за да се оди напред”, велат експертите на ООН

Тие исто така го осудија „митското претставување на ропството” како обид на поранешната колонијална моќ да го испере својот удел во историјата на трговијата со робови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот