ОН апелираат: Светот е на катастрофален пат кон затоплување

Ефекти на глобалното затоплување/ Фото Архива на Слободен печат

Обврските за намалување на глобалното затоплување преземени од потписниците на Парискиот договор го водат светот кон „катастрофално“ затоплување од 2,7 степени Целзиусови, далеку од посакуваната цел од 1,5 степени целзиусови потребни за ограничување на катастрофалните последици од затоплувањето, предупредија Обединетите нации, пренесува Франс 24.  

Извештајот со кој се оценуваат обврските на 191 земја, објавен денеска, покажува дека „светот е на катастрофален пат кон затоплување за 2,7 степени Целзиусови“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.  

Парискиот договор има за цел да го ограничи затоплувањето на нешто помалку од два Целзиусови степени, од прилика до 1,5 степени Целзиусови, но неуспехот да се постигне таа цел се мери со бројот на загинати и износот на уништените средства за живот, додаде шефот.  

ОН, исто така, апелираше до сите влади да преземат поамбициозни обврски. Според Парискиот договор, секоја земја требаше да го ревидира својот придонес на национално ниво до крајот на 2020-та година. 

Меѓутоа, до 30-ти јули оваа година, само 113 земји што претставуваат помалку од половина од светските емисии на стакленички гасови (49 проценти) всушност ги поднесоа своите ревидирани обврски. 

Со новите ветувања, емисиите на овие 113 земји, вклучувајќи ги САД и ЕУ, ќе бидат намалени за 12 проценти во 2030-та година во споредба со 2010-та година.  

„Тоа е „зрак на надеж“ кој, сепак, не преовладува над темната страна на сликата“ рече претставничката на ОН за климата Патриша Еспиноза.  

„Генерално, податоците за емисиите на стакленички гасови одат во погрешна насока“, рече таа.  

Еспиноса додаде дека претстојната меѓународна конференција за климатскиот Cop26, која се одржува за шест недели, треба да биде успешна. Таа ги повика државите да бидат водени во нивните преговори од легитимната желба да ги заштитат своите национални интереси, но и од целта да придонесат за благосостојбата на човештвото. Таа изрази надеж дека до конференцијата, повеќе земји ќе ги променат своите обврски со цел да го намалат затоплувањето. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот