Октомври може да биде добро испланиран – посветете се на штедењe

Осигурување, сигурни раце
Andriy Popov / Panthermedia / Profimedia

Октомври е месец во кој сме посветени на многу нешта, па оттука и неколку дополнителни трошоци за решавање на практични прашања од секојдневието.

Се подготвуваме за претстојните зимски денови, купуваме соодветна, топла облека, па дури и брзаме да ги искористиме последните пријатни и сончеви денови за прошетка и дружба со најсаканите, најчесто проследени со кафе и пријатен разговор во омилениот кафе бар. Од тие причини, во октомври би било особено корисно, разумно да ги трошиме паричните средства со кои располагаме и токму затоа – октомври редовно го одбележуваме како месец на штедење.

Иако идејата зад месецот на штедење е заштеда на средствата и нивна правилна употреба во иднина, штедењето во одреден финансиски производ може да обезбеди и дополнителна заработка. За таа цел, Халкбанк А.Д. Скопје нуди различни производи наменети за штедење, чии поволности ќе придонесат да ја подобрите вашата финансиска состојба во иднина.

Депозитите се стабилни извори на средства! Сите промени поврзани со вашиот депозит може да ги следите брзо и постојано, преку електронското банкарство на Халкбанк. Халкбанк А.Д. Скопје го вреднува секој детски сон, па оттука и континуираниот развој на производи наменети за детско штедење, кои ќе придонесат кон обезбедување стабилна иднина за вашите деца.

Сосема е природно родителите да настојуваат да им го пружат најдоброто на своите деца, па така, Детскиот депозит на Халкбанк е совршен партнер на секој родител.
Штедењето со ХАЛКИ има фиксна каматна стапка, минимален износ на вложување од 1000 МКД, а исплатата се врши на крајот на периодот на орочување.

Искористете ја мотивацијата, поттикната од симболиката на октомври и започнете со штедење на вашите парични средства, кои сега може да бидат во фунција на заработка на дополнителни пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот