Околу 30 минути се чека на ГП „Табановце“

ГП Табановце / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Околу 30 минути утринава се чека на граничниот премин Табановце за излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини, според АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Низ државава, сообраќајот се одвива непречено по суви коловози. За утре, во периодот меѓу 11.30 и 14.30 часот, најавен е времен сообраќаен режим на патот Кичево-Охрид, поточно на делницата Пресека-село Врбјани. Прекините ќе бидат во времетраење од 15 до 20 минути.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот