Охриѓанка од Алјаска: Наша медицинска сестра во единствената болница со критичен пристап над арктичкиот круг

Фото: Приватна архива
Ангела Маслов е Македонка родена во Бароу, Алјаска, најголемата држава во САД, во која доминираат најмногу планините на кои има активни вулкани и бројни ледници, а тука се наоѓа и највисокиот врв во Северна Америка, Макинли, висок 6.149 метри. Ангела е мајка на четиригодишната Миа, и сопруга на Дејан Маслов кој е од Охрид. По професија е медицинска сестра вработена во брза помош во единствената болница со критичен пристап на 550 км над арктичкиот круг. Хоби ѝ е готвењето, организирање патувања и фотографијата. Но, како што вели, во последниов период е толку многу ангажирана што нема време за хоби.

Кои се твоите најубави и најлоши сеќавања од детството и животот во Македонија?

– Родена сум во Бароу, Алјаска, а кога сум имала 2 години моето семејство се преселило назад во родниот крај на моите родители, во Волино, охридско. Кога ќе помислам на моето детство во Македонија, искрено, не можам да се сетам на никакви лоши спомени. Имав многу убаво детство исполнето со играње надвор по цел ден без разлика дали беше зима или лето. Пораснав покрај баби, дедовци, роднини и секој ден беше исполнет со разни активности. Дел од секојдневието беше да помагам околу бавчите и плевните на моите баби и дедовци. Детството во Македонија ми беше полно со свеж воздух и розови образи од трчање надвор по цел ден. Неограничен простор и воздух, она што ние сите го сонуваме за нашите деца. Секогаш се чувствував сигурна, во селото сите се знаевме и немаше причина од нешто да се плашам. Кога денес се сеќавам на тие времиња, знам дека се тоа нешта кои дега премногу ги ценам. Тогаш, како дете, секако не бев свесна за тоа.

На моја 11-годишна возраст моето семејство се вратило на Алјаска каде што учев од петто оделение и понатаму. Како вчера да беше, се сеќавам кога почнав да учам во ново училиште. Најтешкото беше оставањето на мојот живот во Македонија, на моите школски другарчиња и роднини со кои си играв по цел ден. Животот на Алјаска беше многу поинаков од оној во Македонија. Дотогаш не ми паднало на ум дека постои и друг начин на живеење. Иако тие промени ми беа тешки како на дете, сепак таа промена ја ценам многу и верувам дека тие тешкотии ме изградија во личност каква што сум денес. Сите ние треба да ја прифатиме различноста. Ниедно лице или место не се исти, а преселувањето на ново место значи учење на нов начин на правење на работите.

Зошто селидбата беше баш на Алјаска? 

– Мојата фамилија уште од осумдесеттите години е во Алјаска. Мојот тaтко дошол во Америка на свои 16 години. Првите неколку години живеел и работел во Њу Џерси за подоцна, во потрага по подобар живот, патот да го доведе во Енкориџ, Алјаска. После неколку години поминати во овој град се запознал со луѓе од нашите краишта кои веќе живееле и работеле во Бароу, му рекле дека во овој град има многу можности за добра заработка. Тој, млад и амбициозен, и со желба да заработи повеќе, одлучил да замине во овој град знаејќи дека истиот е и најсеверното населено место на Соединетите Американски држави. На одмор се враќал дома во Македонија, каде што ја запознал мајка ми. После некое време и таа се преселила на Алјаска и тука основале семејство.

Од топлиот Охрид и плажа, на минус 30 степени и снег. Тешко ли беше прилагодувањето?

– Искрено, прилагодувањето мене…


Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот