Ограбена жена во сопствената куќа: Го затекнала како краде, ја нападнал и го земал лаптопот и избегал

Нападната жена во сопствената куќа од разбојник кој и го украл лаптопот. Насилникот ја удрил жената, ја турнал и побегнал со пленот. Судија му одреди мерка притвор од 30 дена.

Основното јавно обвинителство Штип донело наредба за спроведување истражна постапка против лицето поради основано сомневање дека сторило кривично дело „разбојничка кражба“.

– На 6 февруари, осомничениот влегол во куќа на улицата „Гоце Делчев”, извршил пребарување и одзел лаптоп компјутер вреден 50.000 денари. При вршењето на кражбата, го затекнала сопственичката на куќата. Осомничениот во тој момент физички ја нападнал, удирајќи ја по телото и раката, ја турнал на земја и побегнал со украдениот предмет, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, а судијата го прифати предлогот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот