Официјално: Словенечки пивот го засили Вардар

Фото: rkvardar.mk

За следната сезона на пикерската позиција во Вардар ќе игра словенечкиот интернационалец Домен Сикошек Пелко (21).

За 202 см високиот интернационалец ова ќе биде второ искуство со играње надвор од Словенија. Лани настапуваше во австрискиот клуб Брук. Сикошек Пелко ќе му биде соиграч на Стојанче Стоилов и на Сергеј Горпишин.

Во кариерата Сикошек Пелко има настапувано во тимот на Брежице каде ја почнува кариерата за младинските категории. Во сезоната 2013/2014 првпат е регистриран за сениорскиот тим на Кршко, но настапува за кадетите и за младинците.

Две сезони подоцна повторно се враќа во тимот на Брежице и една полусезона настапува за Добова. Од 2016/2017 е дел од тимот на Требње. Таму не доби соодветна минутажа па реши да замине во странство. Тој е ракометар што е пред вратата на сениорската репрезентација на Словенија. Во 2014 година беше дел од 30-мина што беа на поширокиот список за ЛОИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот