Официјално: Дони ван де Бек потпиша за Манчестер јунајтед

epa07975123 Donny Van de Beek of Ajax celebrates after scoring the fourth goal for Ajax during the UEFA Champions League Group H match between Chelsea FC and Ajax Amsterdam in London, Britain, 05 November 2019. EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Холандскиот репрезентативец Дони ван де Бек и официјално стана фудбалер на Манчестер јунајтед во трансфер вреден 35 милиони фунти плус пет милиони фунти во бонуси.

Ван де Бек денеска потпиша петпиша петгодишен договор, односно ќе остане на „Олд трафорд“ до 2025 година, а менаџерот Оле Гунар Солскјер доби екстра квалитетно засилување за наредната сезона со кое ќе се обиде да ја нападне титулата во Премиер лигата.

Солскјер бараше од управата на Јунајтед да го донесе одличниот Холанѓанец бидејќи смета дека тој ќе биде идеален партнер во средниот ред на Бруно Фернандеш.

– Подготвен сум за наредниот чекор во кариерата, да играм на највисоко ниво, а повисок стандард од Манчестер јунајтед нема. Не можам да објаснам со зборови каква можност е ова за мене, да се приклучам на клуб со голема историја. Овој тим ги има едни од најдобрите фудбалери на средината на теренот и играњето со нив ќе претставува можност за мене да учам од нив, а но исто време и да донесам свој квалитет во играта. Разговарав со менаџерот Солскјер за неговата визија, насоката во која се движи клубот и можам да кажам дека со нетрпение го очекувам стартот на сезоната – изјави Ван де Бек.


Младиот 23-годишен фудбалер досегашната кариера ја помина само во еден клуб, холандскиот великан Ајакс за кого одигра вкупно 175 натпревари и постигна 41 гол.

Дебито за Манчестер јунајтед, Ван де Бек ќе го има на 19. септември во првото коло од Премиер лигата кога „црвените ѓаволи“ играат против Кристал Палас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот