Официјално: Дармијан на позајмица во Интер! (ФОТО)

Фото: Твитер

Матео Дармијан во новата натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на „неро-аѕурите“, денеска потврдија од клубот. За Парма запиша 35 мечеви и еден погодок. 

30-годишниот одбранбен играч доаѓа како позајмица една година во Интер, а по истекот на истата првите луѓе на миланската екипа ќе ја имаат можноста за трансферот да биде и траен.

Дармијан минатото лето не успеа да се избори за место во стартниот состав на Манчестер јунајтед предводен од менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Претходно беше член уште на Торино, Палермо и Падова, додека кариерата ја започна во редовите на Милан.

Воедно за најдобрата италијанска репрезентација одигра вкупно 36 натпревари и постигна еден гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот