„Офицер и џентлмен“

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Па која е тогаш позадината на оваа јавна политичка провокација? Едноставно стандардна политичка битка „до даска“, во која јавноста ќе се занимава со дилемите што е тоа „офицер“, а што „џентлмен“, или скриена намера за „ретро“, милитаризација на клучните безбедносни структури на државата.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи да назначи воено лице, и тоа полковник во АРМ, уште на прв поглед отвора две дилеми.

Прво, зошто партијата предлага офицер за министер, кога во кулоарите веќе се говореше за друго име, кое и во јавноста медиумски се појавуваше, и кога во партијата сигурно има на располагање и други личности достојни за таа функција. Уште повеќе што и од правен аспект е дискутабилна досегашната функција на предложената личност.

Од друга страна, пак, она што буди дилеми е и зошто офицерот чие име се врти во јавноста на дискутабилен начин, дал согласност да ја прекине својата успешна воена кариера за да биде технички министер, кој треба да спроведува избори.

Можеби го надвладеала амбицијата или ветувањето од партијата дека ако победат на изборите, тој ќе остане на таа моќна позиција. Но што ако не биде така. Да си ја жртвуваш кариерата за нешто што е толку неизвесно е најмалку-чудно. Затоа што ако тоа не успее, се чини потоа нема назад, или не на ист начин. До крајот на кариерата ќе му се „влече“ баластот „министер за еднократна употреба“.

Но да се вратиме на првиот дел од дилемата, зошто партијата предлага офицер за ваква цивилна функција. Не навлегувам во дебата за тоа колку е тоа законски, уставно и колку пати било неуставно. Она што за мене е попроблематично е што кога офицер би раководел со Министерството за внатрешни, а по востановување на оваа пракса зошто да не и во АРМ, тогаш не гледам како Македонија од демократска држава не би станала ВОЕНА ХУНТА.

Овој систем можеби функционираше порано во времето на доминатните соцреалистички системи на кои и припаѓаше и поранешната СФРЈ. Но тој систем одамна е веќе напупштен дури и во Русија по распаѓањето на СССР.

Па која е тогаш позадината на оваа јавна политичка провокација? Едноставно стандардна политичка битка „до даска“, во која јавноста ќе се занимава со дилемите што е тоа „офицер“, а што „џентлмен“, или скриена намера за „ретро“, милитаризација на клучните безбедносни структури на државата со поставување на нивно чело лица со воено-полициски бекграунд, или уште повеќе со активна служба во структурите Армијата или Полицијата?

Не би сакал да верувам во тоа!

Или „има нека тајна веза“, и со ова нема избори!!!!!!????

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот