Официјално: Васоски е новиот тренер на Сараево

Македонскиот тренер Александар Васоски на клупата на ФК Сараево/Фото: fksarajevo.ba

Како што и се најавуваше во изминатиот период кога веќе тоа го потврди и неговиот претходен клуб, Академија Пандев, тоа истото денеска го направи и босанскиот клуб Сараево на чија клупа ќе седне Александар Васоски.

Македонскиот стратег денеска официјално беше промовиран пред јавноста и ги најави амбициите за вториот дел од сезоната.

– За мене е чест и задоволство што ме препознаваат како дел од голем клуб како Сараево. Тоа е задоволство, но и голема обврска, но тоа можам да го носам на мои плеќи. Првата цел сезонава е клубот да излезе во Европа и да го освои Купот, а долгорочно да етаблираме млади играчи во првиот тим и зошто не и во репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Заедно го туркаме овој проект напред – вели Васоски.

Во оваа екипа настапува и поранешниот репрезентативец Крсте Велкоски кој сезонава во тамошниот шампионат има 10 настапи, без реализиран погодок.

Сараево е моментно на четвртата позиција во првенството со 28 бодови, 20 помалку од водечкиот Зрињски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот