Официјално: Дарко Велковски ќе игра во Саудиска Арабија за Ал Етифак

Дарко Велковски во дресот на македонската А фудбалска репрезентација/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Откако ја напушти Хрватска и екипата на Риека по завршувањето на минатата сезона, Дарко Велковски беше во потрага по нов клуб.

Македонскиот репрезентативец одлучи кариерата да ја продолжи Саудиска Арабија каде што ќе ги брани боите на Ал Етифак со договор до 2024 година.

Претходно се шпекулираше во унгарските медиуми дека можно е нашиот играч да направи трансфер во редовите на МОЛ Фехервар каде што настапува и Никола Серафимов.

Ал Етифак со видео запис официјално ја информираше јавноста дека нов играч на клубот е Велковски со дел од неговите настапи на клупски и репрезентативен план.

Во нашата земја го носеше дресот на Работнички, а централниот бек три години беше дел и од Вардар.

Ал Етифак настапува во најсилната професионална лига на Саудиска Арабија, минатата сезона успеа да обезбеди опстанок во елитата освојувајќи го 11 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот