ОДМАЗДА? Словенците ги блокираат хрватските камиони, драма на границите!

На хрватските превозници од 1 јуни им е забранет премине преку 17 гранични премини.

Камионите мораат да одат преку меѓународни гранични премини, пренесува „index.hr“.

Станува збор за ограничување кое го донесе словенечкото Министерство за инфраструктура, во врска со забрантиот сообраќај на теретни возила чија најголема дозволена маса не надминува 7,5 тона.

– Така се случи Славонија, Истра, во главно цела Хрватска, има голем проблем со движењето на своите камиони и со тоа имаат зголемени трошоци, затоа што сега некои мораат да возат и 100 км повеќе да пристигнат до границата. Па така, проблемот не е ниту во словенечката, ниту во хрватската полиција кои сето тоа го регулираат, туку проблем е во густио сообраќај – вели „index.hr“ Маријан Банели, акредитиран лобист за сообраќајот во ЕУ.

Банели тврди дека тоа е одговор на хрватската забрана за транзитниот сообраќај преку едниствениот граничен премин, кој Словенците го користеле како пократок пат кон Макарска.

– Тие веднаш затворија 17 затоа што се во можност тоа да го направат. Кој е виновен? Не би сакал да влегувам во одговорноста, но мислам дека некој и тоа како е одоговорен, затоа со ова се поставува големо прашање, ова е голема штета за хрватската економија – смета Банели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот