Одложен и традиционалниот Илинденски мал пливачки маратон во Охрид

фото: pfm.org.mk

Пандемијата на коронавирусот предизвика како и зголемениот број на туристи во Охрид предизвика организаторот да го одложи 41. издание на Илинденскиотмал пливачки маратон.

Организаторот на 41. Илинденскиот мал пливачки маратон, „Охридски бранови“ одлучи оваа година да не се одржи на 2. август туку во некој од наредните викенди.

Причината за ваквата одлука на организаторот е пандемијата на коронавирусот како и зголемиот број на туристи во Охрид и поради тоа не сакаат да го ризикуваат здравјето на учесниците.

Претходно, Пливачката федерација на Маледонија ја откажа организацијата на Големиот пливачки маратон кој воопшто нема да се одржи оваа година поради корона кризата. Откажана е и 10-километарската трка од светската серија на ФИНА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот