Одличен десерт на Стефанија Несторовска: Банана браунис со протеински крем

Фото: Приватна архива

Благодарение на вештите раце и инвентивноста на Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, секогаш имаме можност да пробаме нешто интересно и несекојдневно. Стефанија овој пат ни приготви банана браунис со протеински фростинг.

Состојки:

– 2 зрели банани, пасирани
– 1/3 филџан (80 г) путер од кикиритки
– 1/4 филџан (80 г) јаворов сируп
– 1/2 филџан (120 мл) млеко од бадем
– 1/2 филџан (60 г) какао во прав
– 1 филџан (100 г) овесно брашно
За фростинг:
– 2 дозерки протеин
– 2 лажици какао во прав
– 1 лажица јаворов сируп
– млеко од бадем, по потреба

Подготовка:

Рерната се загрева на 170 степени и се поставува хартија за печење на тава за печење. Во длабок сад се додаваат пасираните банани, путерот од кикиритки, јаворовиот сируп и млекото од бадем. Се промешува. На оваа смеса се додаваат и какаото и овесното брашно и повторно се промешува. Смесата ќе биде густа, но ако има потреба додадете повеќе млеко.

Се додава смесата во тавата за печење и се пече 20 минути.

За фростингот, се додаваат сите состојки во мал, длабок сад. Се промешува сѐ додека не се добие кремаста густа смеса што лесно може да се распоредува. Додавајте млеко сѐ додека не ја добиете посакуваната текстура.

Се додава фростингот на колачот, се сече во барчиња и уживајте во овие слатки, протеински задоволства.
Барчињата може да стојат на собна температура, покриени со фолија или во затворен сад до 3 дена или, пак, во ладилник до 6 дена.

Забелешки и совети:

→ Путерот од кикиритки може да се замени со некој друг путер од јаткасти плодови.
→ Јаворовиот сируп може да се замени со кој било друг течен засладувач или комплетно да се исфрли за десерт со помалку шеќер.
→ Јас користев вегански протеин од солен карамел, но може да користите каков било протеин или, пак, комплетно да го исфрлите фростингот од овој рецепт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот