Од утре до недела „Звуци на културата“ во Ѓорче Петров

Од утре до недела, во паркот во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Звуци на културата“. Покрај настапи на домашни пејачи и на играорни групи, в недела бесплатно на отворено ќе се прикаже филмот „Господ постои, името и е Петрунија“.

Ќе има и детско катче, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, забавен парк, локални производи и деликатеси, како и настап на баскер артисти.

„Направивме еден спој на младост и искуство, со програма за сите генерации. Културната манифестација ќе има и хуманитарен карактер, односно во сабота, од 10 до 16 часот, во Домот на културата ќе огранизираме крводарителска акција“, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

На „Звуците на културата“ ќе настапат Ефто Пупиноски, Наум Петрески, Нокаут, Дац и Александар Митески, Силви Бенд со мјузиклот „Ромален“ и диџеите C2.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот