Од среда во Словенија се воведува строга примена на ПЦТ условите

Ковид Словенија
Луѓе шетаат во центарот на Љубљана, Словенија/ Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Словенечката влада усвои уредба според која, од среда, 15 септември, ќе се воведе поригорозна примена на таканаречените ПЦТ услови за сите вработени кои се во контакт со клиенти и за корисниците на нивните услуги.

ПЦТ услов значи дека луѓето мора да имаат прележано Ковид 19, да се вакцинирани или да имаат негативен тест за коронавирус, а државата ќе ги сноси трошоците за тестирање на вработените, а работодавачите ќе можат да ги санкционираат оние што не се придржуваат кон оваа регулатива, известува СТА.

Условот важи и за сите корисници на услуги, само тие ќе треба да платат за тестирање од свој џеб.

Постојат неколку исклучоци од ова правило, вклучително и деца под 12 години, луѓе кои ги носат децата до трето одделение на училиште, оние кои ги придружуваат децата под 15 години кај доктори и ученици во јавниот превоз.

Единствените објекти каде овој услов не е потребен се продавници за храна и аптеки, освен ако не се наоѓаат во трговски центри, па во тој случај правилото важи и за нив.

Покрај тоа, заштитните маски ќе треба да ги носат сите во затворени простории и надвор, доколку не може да се обезбеди соодветно физичко растојание помеѓу присутните.

Оваа одлука на Владата беше донесена со цел да се продолжи работата на економијата во услови кога расте бројот на инфекции во земјата и со цел да се мотивираат што е можно повеќе луѓе да се вакцинираат против Ковид -19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот