Од полноќ Финска затвора четири гранични премини со Русија, Песков вели сами си избрале пат на конфронтација

Руско-финска граница/ Фото EPA-EFE/RONI REKOMAA

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека со одлуката да затвори четири гранични премини со Русија, Финска го избрала патот на конфронтација.

Може да се изрази само длабоко жалење што финските власти тргнаа по патот на уништување на билатералните односи, рече Песков, пренесува Тас.

„Отсекогаш сме имале заемно корисни односи со Финска, со меѓусебно почитување и разбирање
Никогаш во модерната историја Русија не и се заканувала на Финска, немавме причина за каква било конфронтација, а сега тие избраа пат кој, од наша гледна точка, е голема грешка“, рече Песков.

Претходно, Владата на Финска соопшти дека на полноќ ќе затвори четири од деветте гранични премини со Русија, за да спречи влез на мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот