Од ОН велат дека Газа стана најопасното место во светот за новинарите и нивните семејства

Новинари во газа/ Фото: Ahmad Hasaballah / Zuma Press / Profimedia

Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права на окупираната палестинска територија соопшти дека Газа стана најопасното место во светот за новинарите и нивните семејства.

„Од нападот (Хамас) на 7 октомври, најмалку 57 палестински новинари се убиени во Газа.

Убиени се вкупно 64 новинари, меѓу кои четворица израелски и тројца либански новинари“, се вели во соопштението, пренесува Си-Ен-Ен. Се додава дека новинарите „во реално време го информирале светот за ужасите низ кои минуваат цивилите во Газа“.

„Нивната посветеност заслужува признание“, нагласуваат од Канцеларијата на ОН. Исто така, се известува дека новинарите и медиумските работници добиле „заканувачки и застрашувачки“ телефонски повици од членови на израелските безбедносни агенции. „Убиствата и присилното раселување на новинарите ја попречија нивната способност да известуваат од земјата во Газа“, се вели во соопштението.

Според Комитетот за заштита на новинарите, од 7 октомври досега се убиени вкупно најмалку 64 новинари, меѓу кои четворица израелски и тројца либански новинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот