Од „Гласен Текстилец“ бараат навремени мерки за заштита на работниците од високи температури

Гласен Текстилец - Кристина Ампева/ФОТО: Screenshot/Youtube

Здружението „Гласен Текстилец“ апелира до Министерствата за здравство и за труд и социјална политика да објават препораки за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор и на своите работи места.

Предлагаме да дадат препорака за ослободување од работните обврски или да се организира работното време на најранливите групи на населението, како што се: бремените жени, лицата на возраст над 60 години, хронично болните. За градежните работници и сите други работници коишто работат на отворен простор да се организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, велат од „Гласен Текстилец“.

Здружението ги потсетува работодавците да го заштитат здравјето на вработените, а инспекторатот за труд да внимава на почитување на законските прописи од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Од УХМР најавија дека следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Од среда земјата ќе влезе во активно портокалово ниво на опасност од високи температури, а во поголем дел од земјава, дневната температура ќе биде над 35 степени, а некаде ќе надмине и 40.

Од среда портокалова фаза со температури од над 40 степени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот