Од 1950 година до сега, во Француската католичка црква имало илјадници педофили

Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN
Во Католичката црква во Франција во периодот од 1950 до сега регистрирани се илјадници педофили, е , резултатот добиен од независна студија која ќе биде објавена во целост во текот на следната недела.

Независната комисија докажала дека во црквата има меѓу 2.900 и 3.200 педофили и тоа е „минималната проценка“, изјави за агенцијата АФП главниот истражувач, Жан -Марк Оул, пренесува бриселски Политико.

Претходно оваа година, беше објавено дека има „најмалку 10.000“ деца жртви на свештеници во Франција.

Комисијата, формирана од Француската бискупска конференција во 2018 година, направи извештај на 2.500 страници, и покрај бројот на педофили и нивните жртви, се занимава и со откривање на институционални механизми што им овозможуваат на педофилите да останат во Црквата,

Извештајот ќе биде официјално претставен утре на прес-конференција, на која беа поканети претставници на здружението на жртвите, а се очекува тоа да предизвика тектонски пореметувања внатре во црквата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот