Од 1 јануари почнува транзитната испорака на природен гас од „Турски поток” кон Грција и Северна Македонија

Фото: EPA/Eustream

Од 1 јануари 2020 година ќе почне транзитната испорака на природен гас  од „Турски поток” кон Грција и Северна Македонија, изјави извршниот директор на „Булгартрансгаз”, Владимир Малинов.

Според него, компанијата ќе почне оваа недела да го полни со гас гасоводот од 11 километри и дека до 15 декември Бугарија ќе биде целосно подготвена за почеток на испорака на гас. Турција ќе се подготвува до 20 декември.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Бугарија за намерно одлоговлекување на реализацијата на „Турски поток”. Тој истакна дека доколку Софија не сака да заработи за транзит на гас, Москва ќе најде други опции.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов одговори дека изградбата е одложена поради процедурални причини. Тој изрази надеж дека гасоводот ќе биде целосно оперативен до крајот на следната година. Борисов рече дека земјата треба да биде единствен гасен центар на Балканот, што е договорено со ЕУ и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот