Обуки за наставниците од мај, новите наставни содржини за прво одделение речиси готови

22 септември 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Начинот на реализација на обуките на наставницитe ќе биде усогласен со мерките и препораките на здравствените власти, велат од Министерството за образование и наука за „Слободен печат“, дополнувајќи дека новите наставни содржини за првоодделенците согласно новите реформи во основното образование се пред крај.

Откако ќе бидат комплетно завршени програмите за прво одделение ќе бидат потпишани од министерката Мила Царовска, а потоа ќе бидат објавени, а наставниците во меѓувреме ќе добијат обуки за тоа како ќе предаваат од септември.

Токму овие обуки требаше да започнат уште во текот на овој месец, но поради рестриктивните мерки кои забрануваат одржување на семинари и обуки со физичко присуство тие се одложени.

– Согласно планот за обука на наставниците во врска со примената на новите наставни програми за прво одделение, предвидено е истата да се спроведе преку три модули во месеците мај, јуни и август – додаваат од МОН.

Откако ќе бидат финализирани наставните програми, следува конкурс за избор на учебници кои ќе се пишуваат согласно новите програми. Во однос на предметите во прво одделение нема да има значителни разлики.

Она што ќе се промени е начинот на учење, ќе се инсистира на интеграција, а новина е и што првачињата ќе бидат пет часа на настава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот