ОБСЕ тројката Османи-Рау-Линде во Њујорк: Русија да ја прекине агресијата и ги повлече силите од Украина

ОБСЕ Тројката Османи-Рау-Линде во Њујорк/Фото: МНР

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија, на Полска и на Шведска, Бујар Османи, Збигњев Рау и Ан Линде, на маргините на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации, одржаа состанок како дел од тројката претседавачи со ОБСЕ. На средбата учествуваше и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

Како што соопшти МНР, соговорниците разменија мислења за улогата на ОБСЕ во светлина на руската агресија врз Украина и го повторија својот повик до Руската Федерација да ја прекине агресијата, да ги повлече своите сили од Украина и да се усогласи со принципите на ОБСЕ. Случувањата меѓу Ерменија и Азербејџан, исто така, беа во фокусот на средбата. Министрите и генералниот секретар на тројката разговараа за можностите за посилно вклучување на ОБСЕ во областа.

Соговорниците се осврнаа и на неодамнешните вооружени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан, барајќи од страните да го почитуваат прекинот на огнот и да ја стабилизираат ситуацијата со дипломатски решенија.

Имајќи ја предвид ефикасноста на Организацијата, на средбата се истакна и потребата од усвојување на буџетот на ОБСЕ. Воедно, на средбата беа поздравени приоритетите на претстојното претседавање со ОБСЕ на Северна Македонија, фокусирани на заштита на принципите и заложбите на ОБСЕ.

Министерот Османи ја реафирмира поддршката на актуелниот претседавач и на генералната секретарка на ОБСЕ во справувањето со моменталните предизвици и ја истакна важноста на употребата на искуството и ресурсите на ОБСЕ како алатка во процесот на барање на одржливи решенија, стои во соопштението. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот