ОБСЕ/ОДИХР ќе ги презентира активностите за претседателските и парламентарни избори

ОБСЕ
ОБСЕ / Фото: Архива на Слободен печат

Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) денеска ќе ги претстави планираните активности за претстојните претседателски и парламентарни избори во државава.

Улогата на набљудувачката мисија на ОДИХР на изборите и нејзините планирани активности на прес-конференција ќе ги презентира Џилијан Штирк, шеф на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април, а вториот круг треба да се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот