Обложувалниците го предвидуваат новиот клуб на Меси!

фото: твитер

Судејќи според квотите на британските обложувалници, Лионел Меси е најблиску до трансфер во Англија.

Аргентинецот наводно денеска изјавил дека сака да го раскине договорот со Барселона и да го напушти клубот, иако на „Камп Ноу“ веруваат дека тоа нема да се случи и дека ќе остане 33-годишниот напаѓач. Важечкиот договор му истекува на 30 јуни 2021 година и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 112 милиони евра.

Го извести клубот дека сака да си замине бесплатно, информира „АС“. Барселона потврди дека доби факс со барање да го пушти Аргентинецот и веќе одговори на барањето. Но, Каталонците забележаа дека немаат законска основа да го направат тоа.

фото: твитер

Желбата на играчот да ја напушти Барселона останува, но челниците не планираат да се ослободат од фудбалерот за помалку од 700 милиони евра обесштетување.

Меси никогаш не бил поблизу до заминување од каталонскиот клуб, па во британските обложувалници веќе се вметнати квотите за потенцијален трансфер на аргентинската ѕвезда.

Засега е најблиску до заминување во Манчестер сити на Пеп Гвардиола, а шансите да го облече дресот на „граѓаните“ е само 2.5.

Втор на листата е Интер и за преселба на Меси во редовите на италијанскиот клуб квотата е 4, исто толку и за трансфер во ПСЖ.

Лапорта: Мислам дека ќе го продадат и Лео Меси!

На четвртото место е Јувентус на Кристијано Роналдо со коефициент 5, но малкумина веруваат во тоа дека токму Меси и Роналдо би играле во ист тим, но никогаш не се знае.

Следува Манчестер јунајтед со коефициент од 7,5, потоа „кој било американски МЛС клуб“ со коефициент 13, Ливерпул квота 15, а 21 коефициент има Лидс на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, екипа која после 16 години се врати во Премиер лигата.

Понатаму на списокот е опцијата за „кој било аргентински клуб“ со коефициент од 26, додека за уплатени пет евра би заработиле скоро 200 евра доколку Меси направи трансфер во новиот европски шампион Баерн, коефициентот е 36.

Интересно е тоа што дури 151 е коефициентот на евентуален трансфер на Меси во Реал Мадрид. Веројатно е јасна претпоставката дека многу мали се шансите да игра за најголемиот ривал на Барса.

И на крајот листата ја пополнуваат Лацио и Њукасл со коефициент од 101, а Наполи на Елиф Елмас има квота 126.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот