Лапорта: Мислам дека ќе го продадат и Лео Меси!

фото: твитер

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта смета дека однесувањето на сегашната управа е неприфатливо, а како пример го наведува односот со Луис Суарез кој е во клубот од 2014 година.

Суарез во телефонски разговор му рекоа дека не го сакаат. Тоа ми се чини како еден кукавички чин и недостаток на почит кон фудбалер. Тоа е неприфатлив тек на дејствување и му штети на имиџот на клубот. Мислам дека тие сакаат да го продадат и Меси, што би било историска грешка – вели Лапорта.

Лапорна беше првиот човек на каталонскиот клуб од 2003 до 2010 година и ја освои Лигата на шампионите двапати во тој период, и додава: „Јадната Барса е во рацете на некомпетентни луѓе“.

Барселона неодамна го ангажираше Роналд Куман на позицијата тренер, а претседателот Бартомеу ги објави претседателските избори за следната пролет.

Според каталонските медиуми, Суарез исто така бил многу вознемирен по „едноминутниот телефонски разговор со Куман“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот