Облачно со слаб локален дожд

скопје дожд дождливо време
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови следува период на претежно облачно време со релативно високи утрински и дневни температури

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот