Објавени јавните повици: Карпошани ќе си ги менуваат покривите и лифтовите со помош на општината

Workers in overalls standing near closed broken elevator. Repairmen, engineers, technicians flat vector illustration. Public utility, service concept for banner, website design or landing web page

Управителите или Заедниците на станари во зградите во општина Карпош изградени пред најмалку 25 години можат да аплицираат за субвенции за поставување нови лифтови или за поправка на старите. Граѓаните имаат можност со помош на Општината да ги санираат и покривите на зградите, но и да ги заменат штетните и стари азбестни покриви на куќите.

Општина Карпош ги распиша јавните огласи за субвенционирање, според кои на оние кои ги исполнуваат уловите на повикот и кои ќе аплицираат навреме ќе им надомести дел од трошоците за оваа намена.
За замена и поправка на лифтови Општината обезбеди 2 милиони денари во Буџетот.

 За оваа намена, Општината ќе ги покрие трошоците во висина од 30 отсто, но не повеќе од 250.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката (санацијата) или поставување нов лифт. Вкупниот фонд на финансиската поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови изнесува 2.000.000 денари – објаснуваат од Карпош.

Станува збор за субвенционирање кое ќе биде поддржано со финансиски средства од општинскиот Буџет за 2022 година, а веќе вообичаено, ќе се спроведува по принципот прв дојден – прв услужен.

 Акцијата ќе трае до исцрпување на финансиските средства за таа намена. Притоа, сопствениците на станови во станбените згради за колективно домување ќе ги обезбедат останатите финансиски средства во висина од најмалку 70 отсто од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата – велат од Општината.

За санација пак на покривите во зградите, кои исто така треба да бидат постари од 25 години, финансиската поддршка ќе биде 30 отсто, но не повеќе од 200.000 денари од вкупниот износ на вредноста за поправка и санација.
За индивидуалните станбени објекти, односно за куќите, исто така ќе се помага со 30 отсто од потребниот износ, но (куќи), финансиската поддршка е во висина од 30 отсто, но најмногу со 75.000 денари од средствата што се потребни за да се замени азбестниот покрив.

 Заинтересираните апликанти треба целосно да ги исполнуваат условите за учество на Јавниот повик објавени на Огласната табла на веб страницата на општина Карпош. Јавниот повик е отворен и трае до исцрпување на финансиските средства предвидени во Буџетот на општина Карпош за 2022 година за предметната намена, по принципот „прв дојден-прв услужен“ – велат од Општина Карпош.

За сите останати услови и потребни документи граѓаните можат детално да се информираат на веб страната на Општината каде што се објавени јавните повици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот