Обама со осуда на насилството во САД и пофалба за ненасилните демонстранти

Фото: Принтскрин
Поранешниот американски претседател Барак Обама го осуди насилството во протестите низ САД за расната нееднаквост и прекумерната полициска употреба на сила и ги пофали ненасилните демонстранти кои бараат реформи.
– Огромното мнозинство демонстранти не беше насилно, но „мало малцинство” ги доведува луѓето во опасност и им штети токму на оние заедници на кои треба да им помогнат на протестите, напиша Обама во коментар објавен на онлајн платформата Медиум.
Обама, демократ кој во два мандати беше претседател на САД пред Доналд Трамп, рече дека насилството „уништува населби во кои честопати недостигаат услуги и инвестиции и го одвлекува вниманието од пошироката цел”.Во САД веќе шест дена има немири предизвикани поради смртта на 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд во Минеаполис, кој почина од насилна смрт од страна на полицаец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот