Нуредини: Имаме амбициозни национални цели за намалување на влијанието на климатските промени

Насер Нуредини на вториот ден од „Македонски енергетски форум 2021/ Фото: МИА

Со воведно обраќање во кое ја акцентираше поврзаноста на животната средина, отпорноста кон климатските промени и исполнувањето на цел 7 од целите за одржлив развој на ОН, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини го отвори вториот ден од „Македонски енергетски форум 2021: Мапирање на енергетската иднина” (МЕФ) насочен кон енергетската иднина на регионот и мапирање енергетската иднина на земјите од Западен Балкан.

„Тоа е посебен знак кога Министерството за животна средина е покането два пати во рок од една недела на форум за финансии и енергија. Тоа покажува дека го прифаќаме фактот дека животната средина е клучот за нашата иднина и дека климатските промени имаат значајно влијание врз нашата егзистенција, меѓутоа она за што треба да се подготвиме се импликациите што ќе ги има врз нашите животи во иднината и егзистенцијата на нашите деца и идните генерациирече Нуредини.

Според Нуредини неодамнешните природни непогоди предизвикани од климатските екстреми, како што беа поплавите во Њујорк, пожарите што ги зафатија нашите шуми и слично, јасно покажуваат го покажуваат лицето на климатските промени и на потребата од концетрирање на ублажување на овие настани и градење на инфраструктура отпорна на последиците од климатските промени.

Инвестирањето во ублажување и отпорност денес е всушност инвестиција што ќе има долгорочно враќање за подобро да не подготви за овие настани во иднина. Покрај тоа, инвестицијата во адаптација е предуслов за нормално функционирање на општеството во многу блиска иднина и подразбира инвестиции во соодветна еластична инфраструктура, подобрени и ефикасни земјоделски методи и планирано користење на земјиштето и просторно планирање, заштита на изворите на вода итн. Анализите покажуваат дека трошоците за ублажување на поплавите, финансиски се многу поголеми од трошоците за штетата што може да ја предизвикаат или за  потенцијална загуба на животи.

Нуредини укажа и на мошне амбициозниот Национален придонес кон договорот од Париз, со кој како држава поставивме цел до 2030 година да ги намалиме емисиите на стакленички гасови за 52%, или нето од 85% до 2030 година, во споредба со 1990 година. Во правец на постигнување на овие амбиции Нуредини информираше дека неодамна е усвоена Долгорочна стратегија за климатска акција и се очекува до крајот на годината да биде донесен Законот за климатска акција.

За земја во транзиција звучи како многу амбициозен план, сепак ние сме посветени да го зголемиме својот удел во производството на обновлива енергија, со инвестирање во соларна енергија, енегија од ветер, во изградба на Чебрен, голема ХЕ која треба да обезбедува повеќе од 300 мегавати елекрична енергија што ќе игра клучна улога во балансирањето на нашата електрична мрежа. Понатаму, ние сме посветени да имаме разновидно портфолио за производство на енергија. Инвестирањето во гасоводите и инфраструктурата за дистрибуција на гас ќе помогне во транзицијата од нашите погонски горива РЕК Осломеј и особено од РЕК Битола. Наша цел е да го исклучиме РЕК Битола најдоцна до 2030 годинарече Нуредини.

Од друга страна напуштањето на јагленот како гориво и инвестирањето во обновлива енергија има силно влијание и врз решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот