„Њујорк тајмс“ првпат поддржа двајца кандидати за претседателска номинација

Фото: ЕПА

Изборот на либералниот „Њујорк тајмс“ се случува само неколку недели пред изборот за претседателска номинација во Ајова, закажан на 3 февруари, со што официјално почнуваат претседателските предизбори.

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ вчера ги поддржа сенаторките Ејми Клобучар и Елизабет Ворен за демократската претседателска номинација.

Тоа е првпат весникот да избере два кандидата.

Изборот на либералниот „Њујорк тајмс“ се случува само неколку недели пред изборот за претседателска номинација во Ајова, закажан на 3 февруари, со што официјално почнуваат претседателските предизбори.

Весникот ја опишува сенаторката Ворен од Масачусетс како „радикален“, а сенаторката Клобучар од Минесота како „реален“ избор.

– Во текот на темелната дебата помеѓу двете визии би можела да се дефинира иднината на (Демократската) партија, а можеби и на земјата… И радикалниот и реалистичниот модел заслужуваат сериозно разгледување… Затоа ги поддржуваме Ејми Клобучар и Елизабет Варен, истакна „Њујорк тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот