Њујорк ги раскинува сите договори со „Трамп Организејшн”

Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Њујорк ги раскинува сите договори со компанијата „Трамп Организејшн” (Trump Organization), сопственост на семејството на американскиот претседател Доналд Трамп. Ова го објави градоначалникот Бил де Блазио во интервју за телевизијата МСНБЦ.

– Ако компанијата или нејзиното раководство се занимаваат со незаконски активности, имаме право да го раскинеме договорот, рече Блазио.

Како што рече Блазио, градските власти сметаат дека сегашната ситуација е поттикнување на бунт против Владата на САД.

Според Блумберг,  „Трамп Организејшн” има договори со Њујорк за работа со атракции во Централ Парк, два популарни тобогани и теренот за голф „Фери Поинт” кои носат годишна добивка од 17 милиони долари.

Во моментот атракциите се затворени, а одлуката за раскинување на договорите ќе стапи на сила 25 дена по приемот на известувањето од компанијата. Процесот на затворање на теренот за голф се очекува да трае неколку месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот