Новогодишните куќички поставени на плоштад

Фото: Скопскиот плоштад минатата година / илустрација / Слободен печат/Анета Стојковска

Десетина дрвени куќички, во кои за претстојните празници веројатно ќе се продаваат најразлични дребулии, се поставени околу подната фонтана на плоштадот „Македонија“. Дали тоа е во рамките на најавата на градоначалничката Данела Арсовска дека и покрај тоа што го раскина договорот за новогодишно украсување, сепак скопјани нема да бидат тажни и ќе ја почувствуваат атмосферата – не се знае, затоа што од Град Скопје нема никаква информација.

Оттаму нема ниту известување дали нешто друго се планира за разубавување на плоштадот за Нова Година, дали ќе се поставуваат уште куќички, ќе има ли некаква забава барем за најмладите.

Новогодишните, а по нив и божиќните денови се највеселиот период во годината кога сите граѓани имаат посебно празнично расположение. Убаво би било и кога би знаеле дали Градот ќе понуди некаква содржина за да ја надополни празничната атмосфера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот