Новиот филм на Тарантино урива рекорди!

Новиот филм на Тарантино ги исполни очекувањата во текот на првиот викенд од неговото прикажување во Америка и истовремено го потсети Холивуд дека квалитетот и оригиналноста можат да бидат добитна формула.

Остварувањето „Беше еднаш во Холивуд“, го урна рекордот според заработката во првиот викенд на прикажување во кината во Америка. Според остварената заработка од 41 милиони долари го надмина епскиот филм на Тарантино „Inglorious Bastards“ од 2009 година.

За успехот на филмот придонесе неверојатната актерска екипа која режисерот ја собра – Бред Пит, Леонардо Дикаприо, Маргот Роби, Ал Пачино, Курт Расел, Дакота Фенинг…

Дејствието на филмот ги враќа гледачите во 60-те години на минатиот век и го следи глумецот Рик Далтон (Леонардо Дикаприо), поранешна ѕвезда на ТВ серија и неговиот каскадер Клиф Бут (Бред Пит) на патот до пронаоѓање на своето место под сонцето во филмската индустрија…

Тарантино досега со ниту еден свој филм не ја изневери публиката, па затоа и македонската публика со нетрпение го очекува пристигнувањето на „Беше еднаш во Холивуд“ во Македонија, кој ќе почне да се прикажува на 15 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот