Новинарите обвинети дека се „странски агенти“ кои сакаат „да го убијат премиерот“, ЌЕ СЕ ЖАЛАТ ВО СТРАЗБУР

Фото: Европски суд за човекови права / EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Група јавни личности во Србија поднесоа претставка до Европскиот суд за човекови права во Стразбур поради негативна медиумска кампања од провладини медиуми во која се таргетирани како „странски агенти” кои сакаат да „создадат хаос”, „да спроведат насилство”, и „да го убијат премиерот”.

Новинарите Тамара Скроза, Антонела Рихи и Вукашин Обрадовиќ, како и граѓанскиот активист Илир Гаши, како што е наведено во претставката, се жалат дека им е прекршено правото на фер судење, нивното право на слободно изразување и правен лек, а им е скратено и правото на почитување на приватниот живот и заштита на нивниот физички интегритет.

Во претставката се наведува дека во мај и јуни 2016 година во Србија се водела негативна медиумска кампања од страна на провладините медиуми, особено по објавување текст во ТВ Пинк и во таблоидот Информер.

Подносителите на претставката поднеле кривична пријава до Вишото јавно обвинителство во Белград во 2017 година, но оттаму ги отфрлиле кривичните пријави, наведувајќи дека „не постои основано сомнение дека декларираните лица ги извршиле наведените кривични дела.

БОНУС ВИДЕО:

Емоции, песни и аплаузи за Папата во Скопје (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот