Нови правила на плажите во Грција

Дезинфекција на плажа во Атина, Грција / EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Казните за прекршување на овие мерки изнесуваат од 5 д 15 илјади евра, и затворање на локалите од 15 до 20 дена.

Нови мерки на однесување на плажите во Грција. Според најновите протоколи на плажите се дозволени 40 пливачи на 1.000 метри квадратни, а минималната дистанца меѓу чадорите мора да биде четири метри.

Плажа во Атина / Грција 2020 / Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Тие мерки ги усогласија министрите за развој, цивилна заштита, правда и внатрешни работи, а поради спречување на ширењето на корона вирусот.

На сила и натаму останува забраната за пуштање музика, организирани настани, употреба на баровите, додека е дозволено да се пијат кафе и сокови.

Лица вршат дезинфекција на лежалки на плажа во Атина / Грција / Фото:EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Дозволена е употреба на еден чадор на две лежалки, со исклучок на семејство со мали деца, а дистанцата меѓу лежалките треба да биде најмалку 1,5 метри.

Не се дозволени тимски спортови на плажа, односно спортови со директен контакт.

Празен бар на плажа во Атина / Мај 2020 / Атина, Грција / Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Казните за прекршување на овие мерки изнесуваат од 5 д 15 илјади евра, и затворање на локалите од 15 до 20 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот