НОВИ ИНЦИДЕНТИ ВО ИРАК: Убиени пет лица при синоќешните антивладини демонстрации – Слободен печат
ВестиПланета

НОВИ ИНЦИДЕНТИ ВО ИРАК: Убиени пет лица при синоќешните антивладини демонстрации

Десетици илјади луѓе од 1 октомври протестираат во Багдад и во јужниот дел на Ирак, каде мнозинско население се шиитите, барајќи големи политички промени.

Неколку маскирани напаѓачи за време на синоќешните антивладини демонстрации во градот Басра, јужен Ирак, убија пет лица, а повредија десетици, соопштија ирачките здравствени власти.

Според медицински извори во синоќешниот инцидент повредени се околу 120 лица.

Десетици илјади луѓе од 1 октомври протестираат во Багдад и во јужниот дел на Ирак, каде мнозинско население се шиитите, барајќи големи политички промени.

Демонстрантите се жалат на корупцијата, неможноста за вработување и лошите основни јавни услуги, вклучително и редовните исклучување на електрична енергија покрај големите ирачки резерви на нафта.

Од почетокот на немирите во Ирак загинаа над 250 луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close