Нови чудни симптоми на новиот сој на ковид: Два особено ги изненадиле лекарите

Ковид-19 коронавирус
Фото: Pexels

Некогаш главните показатели за коронавирусотгубењето на мирис и вкус повеќе не се единствените симптоми на овој вирус. Новиот сој познат како ЈН.1, („потомок“ на сојот омикрон) сè повеќе се шири во Велика Британија, а наместо стандардните симптоми, почнуваат да се појавуваат нови необични симптоми кои укажуваат дека сте заразени со овој вирус.

Најновото истражување на Канцеларијата за национална статистика, врз основа на примероци од повеќе од 27.000 луѓе, земени помеѓу 7 и 13 декември, покажа дека губењето на мирисот или вкусот било пријавено од само 3 отсто, односно 2 отсто од испитаниците.

Кашлицата останува вообичаен симптом (речиси 23 отсто), а течењето на носот или кивањето се најчестиот пријавен симптом (31 отсто), но поединци, исто така, пријавиле главоболка (20 отсто), слабост или замор (речиси 20 отсто), болки во мускулите (речиси 16 отсто) и болка во грлото (13 отсто).

Покрај тоа, најзачудувачките симптоми што се појавиле се проблемите со спиењето и загриженоста или анксиозноста – и двете состојби се пријавени од околу 10 отсто од испитаниците.

Најновите подтоци од Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА) ја наведуваат проценетата преваленца на коронавирусот во Англија и Шкотска на 4,2 отсто заклучно со 13 декември – што значи дека околу 1 од 24 луѓе може да бидат позитивни на ковид во овој момент.

Овие податоци ја истакнуваат важноста од следење на новите симптоми и распространетоста на ковид, со цел ефикасно да се одговори на ширењето на вирусот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот