Нови 39 случаи на заразени од Ковид -19 во Словенија

Во Словенија се потврдени 39 новозаразени со коронавирусот, што е за шест помалку од вчера, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Бројот на тестирани лица последниве 24 часа е 1.288. Од сите заразени само 119 лица се хоспитализирани, а на одделите за интензивна нега се лекуваат 31 пациент.

Според податоците на словенечката Влада, уште две лица починале како последица на Ковид-19.

Тоа што ги загрижува сите е порастот на заразени во домовите за стари лица. Државната секретарка во Министерството за труд Матеја Рибич, изјави дека во овие домови заразени се вкупно 137 стари лица и 30 здравствени работници. Досега заразата е потврдена во вкупно осум пензионерски домови.

Портпаролот на владата, Јелко Кацин, објави дека и двајца затвореника од затворот Доб се позитивни на коронавирусот.

– Се додека имаме нови случаи на лица заразени со коронавирусот ќе бидеме неуспешни во справувањето со заразата – изјави Кацин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот