Нови 2.135 случаи на коронавирус во Грција, 101 лице почина

Грција ковид-19/ Фото: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Во изминатите 24 часа, во Грција повторно е зголемен бројот на смртни случаи од ковид-19, почина 101 лице, вкупно 1.815 од почетокот на епидемијата, а регистрирани се 2.135 нови случаи, со што бројот на заразени се зголеми на 95.137 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од новите случаи, најголемиот број и понатаму е во Солун, вкупно 607, а потоа е областа Атика, поширокиот регион на Атина со 401 случај, 129 во Лариса, а останатите во други делови на земјата.

Од ден на ден, во Грција се зголемува и бројот на пациенти приклучени на апарати, денеска се 562, односно 13 лица повеќе од вчера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот