Нови 17 случаи на коронавирус во Албанија

Според истиот извор во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи” хоспитализирани се 58 пациенти, од нив 10 се на интензивна терапија,додека четворица се интубирани.

Во Албанија регистрирани се нови 17 случаи позитивни на Ковид-19 со што вкупната бројка се зголеми на 400.

„Во последното деноноќие тестирани се 236 сомнителни случаи,при што позитивни резултати се потврдени кај 17 лица. До денес вкупно тестирани се 2.989 лица, а Ковид-19 е дијагностициран кај 400 од нив. Битката со оваа болест ја изгубија 22 лица, а се излекуваани 154, соопши Министерстото за здравтсво и социјална заштита.

Според истиот извор во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи” хоспитализирани се 58 пациенти, од нив 10 се на интензивна терапија,додека четворица се интубирани.

Министерството апелира до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките,посебно одржување социјална дистанца, избегнување групни собирања и како и домашни посети.

Намалениот број заразени последните денови според премиерот Еди Рама доаѓа благодарение на засилените мерки и отпорот на граѓаните.

Во објава на Фејсбук додава дека ова е индикација дека се прави вистинската работа и ако продолжи вака, според Рама, Алабанија ќе излезе победник многу побрзо од другите земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот