Новак Ѓоковиќ само четирипати во кариерата загубил по пропуштени меч топки

фото: EPA-EFE/Daniel Perez

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ претрпе пораз од Италијанецот Јаник Синер со 2:1, во рамките од полуфиналето во Дејвис купот.

Од загубена ситуација Синер направи целосен пресврт против првиот светски рекет Ѓоковиќ и донесе важен поен за италијанската репрезентација.

Синер дефинитивно годинава го игра најдобриот тенис во својата кариера, стана првиот играч во историјата, кој го совлада Ѓоковиќ, враќајќи се од три меч топки во низа.

Инаку Ѓоковиќ само четирипати до сега во кариерата по пропуштени меч топки на крајот го загубил мечот. Претходно тоа му се случи во 2007 година против Михаил Јужни во полуфиналето во Ротердам (три меч топки), во полуфиналето во Мадрид против Рафаел Надал во 2009 година (три меч топки) и во финалето во Квинс во 2018 година против Марин Чилиќ (една меч топка).

Инаку 17 пати Ѓоковиќ триумфирал кога неговите ривали имале меч топки, а тоа двапати се случи годинава во финалните мечеви во Аделаида и Синсинати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот