Италија преку Србија во финалето на Дејвис купот

фото: EPA-EFE/Jorge Zapata

По завршувањето на сингл мечевите, вториот патник во финалето на Дејвис купот во Малага меѓу тениските репрезентации на Србија и Италија одлучуваше дуелот во двојки.

Во решавачката пресметка победата за Италија ја обезбедија Јаник Синер и Лоренцо Сонего кои со 2:0 во сетови 6:3 и 6:4 ги совладаа Новак Ѓоковиќ и Миомир Кецмановиќ.

Противник на Италијанците во финалето ќе биде селекцијата на Австралија која претходно ја елиминираше Финска.

И минатата година Австралијците играа во финалето, но тогаш загубија од Канада. Последен пат Австралија го освои натпреварувањето во 2003 година кога со 3:1 триумфираше над Шпанија.

Од друга страна Италија само еднаш го има освоено Дејвис купот, во далечната 1976 година во Сантјаго со 4:1 беше подобра од Чиле. Последен пат Италијанците беа финалисти во 1998 година кога загубија од Шведска (4:1) во Милано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот