Ѓоковиќ пропушти три меч топки, Италија израмни на 1:1 против Србија

фото: EPA-EFE/Daniel Pérez

Завршија мечевите во сингл конкуренцијата од полуфиналниот дуел во Дејвис куп натпреварувањето меѓу тениските репрезентации на Италија и Србија каде резултатот моментно е 1:1.

Во првиот меч Миомир Кецмановиќ донесе предност за Србите по победата над Лоренцо Мусети со 2:1 во сетови 6:7 (7), 6:2 и 6:1.

Следуваше втората пресметка меѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер во кој првиот светски рекет пропушти убава можност да донесе финале за својот национален тим.

Ѓоковиќ во третиот решавачки имаше водство од 5:4 во гемови и 40:0, но изненадувачки од вкупно три не успеа да искористи ниту една меч топка. Синер се извлече од опасноста, направи целосен пресврт и на крајот триумфираше со 2:1 (6:2, 2:6, 7:5).

Победникот ќе го одлучи мечот во двојки, а таму Италија ќе настапи со Синер и Лоренцо Сонего, а за Србија ќе играат Ѓоковиќ и Кецмановиќ.

Потсетување дека победникот од овој меч, во големото финале ќе игра против селекцијата на Австралија која во петокот ја елиминираше Финска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот