Нова жртва на коронавирусот во Косово, досега седуммина починати

Заклучно со вчерашниот ден, во Косово се регистрирани 224 заразени од Ковид-19, како и 37 лица кои претходно биле дијагностификувани позитивни на вирусот.

 Министерството за здравство на Косово вечерва објави дека уште едно лице заразено од Ковид-19 почина на Инфективната клиника при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, со што бројката на починати од епидемијата на новиот коронавирус се зголеми на седум, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на министерството се наведува дека станува збор за 71-годишник, жител на општина Гњилане.

Заклучно со вчерашниот ден, во Косово се регистрирани 224 заразени од Ковид-19, како и 37 лица кои претходно биле дијагностификувани позитивни на вирусот, а кои по вторпат едноподруго резултирале негативни на тестирањата, што според препораките на СЗО значи дека се излекувани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот