Нова мутација на коронавирусот: Британски научници ја проучуваат варијантата „делта плус“

делта сој
Фото: Профимедиа

Новата мутација на коронавирусот, варијанта AY.4.2, која некои ја нарекуваат „делта плус“, е под буден надзор во Велика Британија.

Здравствените власти внимателно ја следат оваа мутација на варијантата делта, која се уште е доминантна во Британија, но најновите податоци покажуваат дека шест проценти од сите генетски секвенционирани случаи припаѓаат на нов вид, пренесува Би -Би -Си.

Франсоа Балу, директор на Институтот за генетика во Лондон, вели дека варијантата AY.4.2 е околу 10 проценти полесна за пренос од првобитниот сој на делта, кој исто така е доминантен низ целиот свет.

Иако AY.4.2 може да биде најзаразниот вид на коронавирус од почетокот на пандемијата, експертите велат дека е малку веројатно дека ќе може да ги избегне ефектите од сегашните вакцини во поголема мера.

AY.4.2 е една од 45 подваријанти на вирусот делта, регистрирани ширум светот, идентификувани од научниците во јули и има две карактеристични мутации, наречени Y145H и A222V, во протеинот со шилец со кој вирусот ги инфицира човечките клетки, и засега нема индикации дека овие промени значително ја зголемуваат преносливоста, но ова го проучуваат експерти.

Извор: Би-Би-Си

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот