Нова година – нови Вие со помош на липосукциска диетотерапија

Фото: Промо

Најскапоцениот новогодишен подарок што можете да си го подарите себеси или на вашите најдраги е инвестицијата во здравјето и во совршената телесна тежина.

Јануари е месец на нови почетоци, па дали сте подготвени за почеток на трансформација насочена кон себе, за „редизајнирање“ на телото и подобрување на здравствената состојба. Од каде да почнете и како?

Сигурно сте слушнале дека многумина од познатите личности ослабеле со помош на липосукциската исхрана, па можеби се прашувате како им успеа. Јасно е дека класичните диети не даваат такви резултати.

Мастите се претвораат во енергија

„Ние направивме повеќе од диета. Ги споивме признатите европски препораки, медитеранската исхрана и одобрените помошни средства за слабеење. Резултатот е диетотерапија, која на здрав, брз и ефикасен начин дава трајни резултати. За само две недели се губат 7 до 10 отсто од почетната телесна тежина, со значајно намалување на обемот во критичните зони. Затоа, липосукциската исхрана е повеќе од диета“, објаснува нутриционистот Кенан Мандра, творец на липосукцискиот протокол за слабеење.

Липосукциска диета подразбира протокол за слабеење и правилна исхрана за одржување на телесната тежина, кој вклучува и додатоци во исхраната што придонесуваат за контрола на телесната тежина и го намалуваат чувството на глад. Диетотерапискиот третман за слабеење функционира на принципот на метаболичко претворање на мастите во енергија. Односно, им овозможува на лицата што имаат проблеми со прекумерна акумулација на масно ткиво, да го „натераат“ телото, преку активација на метаболизмот на мастите, да се храни со сопствените масни резерви. Тајната на липосукциска исхрана е во специфичната формула на аминокиселини, кои го активираат ензимот липаза. Така, аминокиселините делуваат на засилено искористување на мастите за добивање енергија – се зголемува ослободувањето масни киселини, се намалува искористувањето на гликозата и се зголемува синтезата на гликоген во клетките, а последица на тоа е брзото слабеење.

„Тоа е природен процес што ја поттикнува редукцијата на масти и задржувањето на гликоза во крвта на ниво што помага да загубиме 10 отсто од телесната тежина во текот на еден третман. Најважно е дека не сме гладни, дека килограмите ги губиме брзо и дека режимот е сто отсто безбеден за здравјето. Аминокиселините се консумираат во форма на прашок што треба да се раствори во вода. Тие не го заменуваат оброкот, туку ги активираат масните резерви со кои организмот се храни – значи, ги топат мастите и ги претвораат во енергија“, објаснува д-р Валентина Крстеска.

д-р Валентина Крстеска / Фото: Промо

Како изгледа дневната исхрана со липосукциска „диета“?

„Во првата фаза од 14 дена протеините и аминокиселините се користат во комбинација со еден оброк од месо или риба со зеленчук. Протеините се раствораат во вода и се пијат на растојание од четири часа, трипати во текот на денот. Тие имаат млечен вкус, слатки се по вкус, со што се дестимулираат центрите во мозокот што ја будат желбата за слатко. Аминокиселините се во капсули и со секоја ќесичка се земаат по две капсули. Централен оброк е вечерата во термин од 18 до 20 часот. Во другата фаза што трае, исто така, 14 дена, се вклучува дополнително млеко и млечни производи, јајца, овошје, јаткасти плодови. Клучот е во тоа внесувањето јаглени хидрати и протеини да се ограничи, додека енергетскиот дефицит да се компензира со оптимална количина на заситени масти од животинско потекло“, вели доктор Крстеска, консултант и раководител на Центарот за липосукциска исхрана во Скопје.

Протоколот е сосема сигурен за здравјето. Не чувствуваме глад, нема пад на шеќерот и на енергијата, се чувствуваме одлично, а килограмите се губат брзо, со што сме дополнително мотивирани да продолжиме понатаму. Првите резултати се видливи веќе по 72 часа.

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот